Портфолио

Од своето основање во 2001 година, Студентското археолошко здружение “АКСИОС” – Скопје ги здружува студентите кои студираат на Институтот за историја на уметноста и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Здружението има за цел да ги организира креативните студенти при овој институт кои со свои иницијативи и идеи поставуваат темели за создавање на идни врвни стручни лица од подрачјето на археолошката наука и културното наследство.

Имајќи ги на ум определените цели за промовирање на археологијата и културното наследство и поттикнувањето на истражувачкиот дух кај студентите, Студентското археолошко здружение  “АКСИОС” – Скопје низ текот на годините оствaрило низа на проекти од кои би ги издвоиле следните:

– 2006 година – организиран Интернационален летен археолошки камп “Амфакситида 2006”

– 2006 година – изработка на студентски гласник за студентите археолози “Пинтадера”

– 2008 година – “Истражување на контекстот на регенеративните и магиските аспекти кај женските погребувања од праисторијата до денес” поддржан од Министерството за култура на Република Македонија

– 2009 година – учество на меѓународната студентска археолошка конференција СТАРКО 2009 одржана во Загреб, Република Хрватска

– 2010 година – организација на меѓународната студентска археолошка конференција СТАРКО 2010, одржана во Скопје и Струмица, поддржана од Филозофскиот факултет – Скопје и Министерството за култура на Република Македонија

– 2011 година – организиран Камп за експериментална археологија Неготино 2011

– 2011 година – организирана едукативна работилница за изработка на мозаици, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија

– 2012 година – организиран камп за експериментална и реконструктивна археологија – Archaeologica Viva, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија

– 2014 година – публикувани два броја на студентскиот билтен “Археофакти”, поддржано од Министерството зза култура на Република Македонија

– 2016 година – проект за изработка на електронски каталог на достапната литература во Библиотеката при Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет – Скопје (во тек)

– 2016 година – одржани предавања под наслов “Што? Како? Археологија и историја на уметноста” во повеќе средни училишта во Град Скопје со цел привлекување на повеќе студенти на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет – Скопјe

– 2017 година – публикуван првиот број од меѓународното електронско списание за стручни студентски трудови од областа на археологијата и историјата на уметноста “Axios”