Отворен повик за трудови за вториот број на меѓународното студентско списание “Axios”

Студентското Археолошко Здружение “Аксиос” од Скопје го отвори повикот за пријавување на трудови за вториот број на меѓународното електронско списание за студентски стручни трудови од областа на археологијата, историјата на уметноста и културното наследство “AXIOS”, кој ќе трае сé до 30 септември 2017 година.

Право за пријавување на трудови имаат сите активни студенти кои имаат запишано додипломски или постдипломски студии. При пишувањето на трудовите, авторите треба да се придржуваат кон вообичаените правила и стандарди за пишување на стручни трудови (име и презиме на авторот, вид на студии (додипломски или постдипломски), факултет и универзитет на кој студира, контакт e-mail на авторот, наслов на трудот, апстракт на јазикот на кој е напишан трудот, клучни зборови, фусноти, библиографија и извори, илустрации и резиме на англиски јазик). Цитирањето на користената литература и извори треба да биде според т.н. Оксфордски стил. Пријавените трудови не треба да надминуваат 16 страници текст, односно 20 страници со илустрации.

Електронската пошта на која треба да се испраќаат трудовите е: sazaxios@gmail.com.

Издавањето на списанието “AXIOS”, почнувајќи од оваа година, е поддржано и од страна на Министерството за култура на Република Македонија. Вториот број се очекува да биде достапен за јавноста до крајот на 2017 година.

За повеќе информации во врска со списанието и трудовите можете да нé контактирате преку e-mail или преку нашата официјална Facebook страница: https://www.facebook.com/sazaxiosskopje/.

Се надеваме на успешна соработка!

Advertisements

Screening of “Saving Mes Aynak” at the Museum of Macedonia (Photos)

 

?

Continue reading “Screening of “Saving Mes Aynak” at the Museum of Macedonia (Photos)”

Macedonian premiere of the archaeological documentary film “Saving Mes Aynak”

One of the most popular and most awarded documentary films in the past several years “Saving Mes Aynak” will be screened for the first time in front of the Macedonian public this Tuesday (28 February) at the Museum of Macedonia in Skopje, starting from 14:00 o’clock. The entry will be free.

spasuvajkji-go-mes-ajnek-1

The documentary, filmed in 2014, follows Afghan archaeologist Qadir Temori and his Afghani-French excavation team as they attempt to save and preserve one of the most valuable archaeological sites in the Near East – Mes Aynak, which is threatened by destruction with the building of a new large-scale copper mine at the site. Mes Aynak, which rich cultural layers stretch for over 5000 years, was an important Buddhist religious and mining center on the famous Silk Road.

The film is produced by Kartemquin Films from Chicago, USA, and directed by Brent E. Huffman, who in his extensive career has worked with media houses such as Discovery Channel, National Geographic Channel, NBC, CNN, Al Jazeera, PBS, TIME, The New York Times and others.

spasuvajkji-go-mes-ajnek-2

“Saving Mes Aynak” is the award winner for Best Documentary Film at The International Academic Forum in 2015, and has been screened at the prestigious international festivals for archaeological films AGON in Greece and ICRONOS in France. The Macedonian premiere is organized by the Association of Archaeology Students “Axios” – Skopje, in collaboration with the Museum of Macedonia.

Македонска премиера на археолошкиот документарен филм “Спасувајќи го Мес Ајнек”

Еден од најпопуларните и најнаградувани документарни филмови во последните неколку години Спасувајќи го Мес Ајнек” (Saving Mes Aynak) ќе биде премиерно прикажуван пред македонската публика овој вторник (28 февруари) во кино-салата на Музејот на Македонија во Скопје, со почеток во 14 часот. Влезот е бесплатен.

spasuvajkji-go-mes-ajnek-1

Филмот, снимен во 2014 година, го следи авганистанскиот археолог Кадир Темори и неговиот авганистанско-француски истражувачки тим во обидите за зачувување на еден од најзначајните археолошки локалитети и културни споменици на Блискиот Исток – Мес Ајнек, на кој му се заканува уништување со градењето на голем рудник за бакар. Локалитетот, со богати културни слоеви од преку 5000 години, важел за значаен будистички религиозен и рударски центар на познатиот трговски пат на свилата.

Документарецот е во продукција на Kartemquin Films од Чикаго, САД, и режиран од страна на Брент Е. Хуфман, кој во својата богата кариера соработувал со низа познати медиумски куќи како што се Discovery Channel, National Geographic Channel, NBC, CNN, Al Jazeera, PBS, TIME, The New York Times и други.

spasuvajkji-go-mes-ajnek-2

“Спасувајќи го Мес Ајнек” е добитник на наградата за најдобар документарен филм на The International Academic Forum во 2015 година, а бил прикажуван и на престижните меѓународни фестивали за археолошки филмови AGON во Грција и ICRONOS во Франција. Неговата македонска премиера е во организација на Студентското археолошко здружение Аксиос” од Скопје, во соработка со НУ Музеј на Македонија.

Промовиран првиот број на меѓународното студентско списание “Axios” (Фото Галерија)

Списанието е достапно бесплатно во електронска форма на официјалниот веб блог на САЗ “Аксиос”, на нашиот Academia.edu профил, на Issuu и на Scribd.

Continue reading “Промовиран првиот број на меѓународното студентско списание “Axios” (Фото Галерија)”

Промоција на првиот број од меѓународното студентско списание за археологија и историја на уметноста “Axios”

После неколку месеци на собирање трудови и технички подготовки, првиот број од меѓународното студентско списание за теми од археологијата, историјата на уметноста и културното наследство “Axios” во издаваштво на Студентското археолошко здружение “Аксиос” од Скопје ќе биде промовиран во четврток, 26.01.2017. Промотивниот настан ќе биде одржан во Салата за седници при Филозофскиот факултет во Скопје со почеток во 12 часот.

axios-1

Првиот број на списанието ќе биде составен од вкупно четрнаесет текстови во авторство на петнаесет студенти од четири различни универзитети од три држави – Македонија, Србија и Германија. Текстовите опфаќаат голем број на теми, почнувајќи од археолошки рекогносцирања, античка луксузна архитектура и уметност, древни религиозни култови и митолошки концепти, па сé до физичко-антрополошки анализи и употребата на современи дигитални технологии во проучувњето на средновевековни цркви.

Списанието има за цел да ја поттикнува активната истражувачка дејност на студентите кои го изучуваат културниот развиток на човечката цивилизација низ вековите, да ја поттикнува нивната меѓусебна соработка и да претставува медиум преку кој тие ќе можат да ги публикуваат своите први научни размислувања.

Списанието ќе биде достапно бесплатно во електронска форма на официјалниот веб блог на САЗ “Аксиос” (www.axiosskopje.wordpress.com/axios-journal/), на нашиот Academia.edu профил (www.worldrroma.academia.edu/AxiosSkopje), на Issuu (issuu.com/axiosjournal) и на Scribd (www.scribd.com/user/330002079/Axios-Skopje).

Повик за пријавување на трудови за првиот број на археолошкото студентско списание “Axios”

Со задоволство Ве информираме дека Студентското Археолошко Здружение “Аксиос” од Скопје започна со подготовки за издавање на првиот број од меѓународното електронско списание за студентски стручни трудови “AXIOS” кое ќе опфаќа теми од областа на археологијата, историјата на уметноста и културното наследство.

Списанието ќе излегува еднаш годишно, а право за поднесување на трудови имаат сите активни студенти кои имаат запишано додипломски или постдипломски студии. Рокот за поднесување на стручни трудови за првиот број на “AXIOS” е 15 октомври 2016 година, а списанието се очекува да биде издадено на почетокот од 2017 година.

Трудот кој се поднесува треба да биде изработен според вообичаените правила и стандарди за издавање на стручни трудови (име и презиме на авторот, студентски статус, факултет и универзитет на кој студира, контакт e-mail на авторот, наслов на трудот, апстракт на јазикот на кој е напишан трудот, клучни зборови, фусноти, библиографија и извори, илустрации и резиме на англиски јазик). Трудот не треба да надминува 16 странци текст (20 страници заедно со илустрации).

Сите заинтересирани студенти своите трудови треба да ги испратат на следниот e-mail: sazaxios@gmail.com.

За повеќе информации во врска со трудовите и списанието можете да нé контактирате и на нашата официјална Фејсбук страница: https://www.facebook.com/sazaxiosskopje/.

Се надеваме на успешна научна соработка!

axios-vol-1-naslovna