За Нас

logo-aksiosСтудентското Археолошко Здружение „АКСИОС“ – Скопје е непрофитна организација која ги здружува студентите од Институтот за историја на уметноста и археологија при Филозофскиот Факултет во Скопје, кои со свои иницијативи и идеи создаваат темели за развој на врвни стручни лица од подрачјето на археологијата и историјата на уметноста.

Здружението е основано во 2001 година и низ неговите редови поминале над 100 студенти, додека во моментот Здружението брои околу 20 активни членови.

Целите на САЗ „Аксиос“ – Скопје се промовирање на археологијата, историјата на уметноста и нивните сродни науки, активности поврзани со археологијата и помагање на студентите со цел подобрување на квалитетот на студиите.

Извршен одбор на САЗ „Аксиос“ – Скопје:

  1. Симона Силјаноска, претседател
  2. Дарко Јованоски, потпретседател
  3. Иван Малезанов, секретар
  4. Ивана Вучиќ, член
  5. Владимир Таневски, член
Advertisements