Дискусии за современата археолошка теорија во Археолошкиот музеј на Македонија (Фото Галерија)

Овој петок (09.10.2018), во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје се одржа настанот „Современа археолошка теорија“ во организација на Студентското археолошко здружение „Аксиос“ од Скопје, остварен како серија на предавања и дискусии поврзани со современите теориски и методолошки тенденции во археологијата и нејзините сродни науки, отстапувајќи им простор на помладите истражувачи и нивните размислувања на оваа тема.

Настанот беше составен од шест различни предавања преку кои говорниците ги изразија своите ставови поврзани со отворените прашања и насоки на развој на современата археолошка теорија и методологија.

Серијата на предавања беше отворена со излагањето на доц. д-р Гоце Наумов од Центарот за истражување на предисторијата на тема „Теорија без територија: за епистемологијата и пост-процесната археологија“. На прашањето Дали андроидите сонуваат електрични овци?“, односно за Археолошки дистопии во пикантен технолошки сос зборуваше доц. д-р Ирена Теодора Весевска од Филозофскиот факултет во Скопје, отворајќи сериозни прашања за иднината на човечкиот фактор во науката. Првиот дел од излагањата беше заокружен со предавањето на м-р Мишко Тутковски од Националната установа Стоби на тема Ранохристијански мозаици: анализи и интерпретации.

Втората етапа на предавања отпочна со Кристијан Тошески од Студентското археолошко здружение „Аксиос“ кој ја презентираше темата Кохерентна светлина: холограмите во археолошката средина, продолжувајќи со Кирил Денковски од Македонското археолошко научно друштво кој зборуваше за Примената на картографски методи во археологијата. Надоврзувајќи се на својот претходник, Ѓоре Милевски од Центарот за истражување на предисторијата го комплетира вториот циклус на предавања, осврнувајќи се на темата Географско-интелигентен сапиенс: Просторот и неговото место во археолошката теорија“.

доц. д-р Гоце Наумов, Центар за истражување на предисторијата: „Теорија без територија: за епистемологијата и пост-процесната археологија“
доц. д-р Гоце Наумов, Центар за истражување на предисторијата: „Теорија без територија: за епистемологијата и пост-процесната археологија“
доц. д-р Ирена Теодора Весевска, Филозофски факултет – Скопје: „Дали андроидите сонуваат електрични овци? (Археолошки дистопии во пикантен технолошки сос)“
доц. д-р Ирена Теодора Весевска, Филозофски факултет – Скопје: „Дали андроидите сонуваат електрични овци? (Археолошки дистопии во пикантен технолошки сос)“
м-р Мишко Тутковски, НУ Стоби: „Ранохристијански мозаици: анализи и интерпретации“
м-р Мишко Тутковски, НУ Стоби: „Ранохристијански мозаици: анализи и интерпретации“
Кристијан Тошески, САЗ „Аксиос“ – Скопје: „Кохерентна светлина: холограмите во археолошката средина“

Кирил Денковски, Македонско археолошко научно друштво: „Примена на картографски методи во археологијата“
Кирил Денковски, Македонско археолошко научно друштво: „Примена на картографски методи во археологијата“
Ѓоре Милевски, Центар за истражување на предисторијата: „Географско-интелигентен сапиенс: Просторот и неговото место во археолошката теорија“
Ѓоре Милевски, Центар за истражување на предисторијата: „Географско-интелигентен сапиенс: Просторот и неговото место во археолошката теорија“

Студентско археолошко здружение „Аксиос“ – Скопје
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s