Промоција на вториот број на меѓународното студентско списание за археологија и историја на уметноста “Axios” (Фото Галерија)

На 17 ноември 2017 година, во Конференциската сала при Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје, јавно беше промовиран вториот број на меѓународното студентско списание за археологија и историја на уметноста „Axios“, во издаваштво на Студентското археолошко здружение „Аксиос“ од Скопје и потпомогнато од Министерството за култура на Република Македонија.

Вториот број на списанието е составен од петнаесет трудови во авторство на шеснаесет студенти кои доаѓаат од пет универзитети во три држави. За овој број, свои трудови приложија шест македонски студенти по археологија, историја на уметноста и историја од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, додека пак странските студенти, десет на број, кои го збогатија списанието со нивни трудови доаѓаат од Универзитетот од Белград, Универзитетот од Приморска (Копер) и Универзитетот од Љубљана. Текстовите опфаќаат широк дијапазон на теми од класична археолошка методологија, па до симболички анализи, доцноантичка уметност и музеологија.

Списанието има за цел да ја поттикнува активната истражувачка дејност на студентите кои го изучуваат културниот развиток на човечката цивилизација низ вековите, да ја поттикнува нивната меѓусебна соработка и да претставува медиум преку кој тие ќе можат да ги публикуваат своите први научни размислувања.

Списанието е достапно бесплатно во електронска форма на официјалниот веб-блог на САЗ „Аксиос“, на нашиот Academia.edu профил, на Issuu и на Scribd.

Благодарност до Министерството за култура на Република Македонија, НУ Археолошки музеј на Македонија, Винарија Стоби и компанија Бако, до сите гости, колеги, поддржувачи и љубители на културата.

Игор Ефимовски – “По трагите на Скиртијана – прилог кон убикација на една егнатиска патна станица во Преспанскиот регион”
Даниел Ѓорѓевски – “Појава на тумули во ранохеладскиот II период во Егејот”
Ангела Витановска – “Симболиката на посмртниот танц во народните традиции и неговиот одраз во ликовната уметност”
Јулија Митревска – “Tоровиот мјолнир во окосницата на семиотичката анализа низ нордиската митолошка традиција”
Јаким Доневски – “Историски развој на рударството во Кратовско-Злетовската област”
Васко Гичевски – “Селата со специјални задолженија и нивната положба во даночната администрација на Османлиската империја”

______________________

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s